Никој како Пјонтек во Европа – најдобар стрелец во два клуба сезонава

Откако Кжиштоф Пјонтек дојде во тимот на Милан, „росонерите“ блескаат. Синоќа против Киево, Пјонтек повторно постигна гол и тој се покажа како победнички на гостувањето кај Киево (2:1). Милан е во низа од 10 меча без пораз во првенството и Купот, а Пјонтек е незадржлив.

Откако Полјакот дојде на „Сан Сиро“ во зимскиот преоден рок, досега има постигнато шест погодоци во Серија А. Тоа е доволно за веќе да избие како прв стрелец на Милан во пренството сезонава. Еден гол помалку има Сусо (5 гола), Кеси има четири гола, а по три пати погодувале Кастилјехо, Бонавентура и Кутроне.

Интересно е што Пјонтек е најдобар стрелец и во тимот на Џенова, каде настапуваше во првиот дел од сезоната. За Џенова има дадено 13 голови сезонава и е далеку најдобар. Вкупно Полјакот со 19 погодоци сега се израмни на врвот на листата со Кристијано Роналдо и Фабио Квалјарела.

Напаѓачот на Сампдорија, Квалјарела ќе има шанса прв да стигне до бројката од 20 погодоци бидејќи денеска попладне тој игра на домашен терен против Аталанта, во еден од мечевите за кои се очекува да биде меѓу најнеизвесните. Во обложувалниците на Sport Life може да ја видите целата понуда за овој меч, но и за сите натпревари од Серија А за денеска.

 

- Оглас -

Најнови вести