Никој не ја сфатил сериозно ситуацијата: Во Англија ѝ се смееја на Италија

Италијанскиот дафанзивец во редовите на Вест хем, Анџело Огбона открива дека во Англија првично со потсмев гледале на ситуацијата околу Коронавирусот. Огбона кој порано настапуваше за Јувентус, а во 2015 година пристигна меѓу Чеканите, вели дека Англичаните не очекувале вирусот да биде толку опасен и толку брзо да се рашири и во нивната земја.

„На почетокот постоеше скептицизам и се тоа што се случуваше во Италија не беше земено сериозно. Англичаните го потценија овој исклучиво опасен глобален проблем. На почетокот ѝ се смееја на Италија, мислејќи дека го преувеличуваат проблемот“, открива Огбона, кој има преку 150 настапи во Премиер лигата.

Дополнителен проблем и страв за играчот на Вест хем е тоа што неговата сопруга е трудна во моментов, но таа е во Италија.

„Живеам во Лондон, но веднаш започнав да се грижам за моето семејство во Италија. Добро е што потоа во Лондон брзо го сфатија проблемот и улиците беа празни. Но Лондон, не е цела Англија“, вели Огбона за ситуација во Англија.

- Оглас -

Најнови вести