Никој не може да го сопре Бензема – Реал има двоцифрена предност во Шпанија

Карим Бензема е незапирлив и постигнува голови како на лента, а и вечерва беше двоен стрелец за Реал Мадрид во победата против Мајорка со 3:0.

Бензема има дабл-дабл со 22 погодоци и 11 асистенции во Ла Лига, а и вечерва беше главен на теренот на „Визит Мајорка“.

Прво му асистираше на Винисиус јуниор во 55-тата минута за 1:0, а потоа постигна два гола, првиот од пенал во 76-тата минута и потоа во 82-рата минута за конечни 3:0 за лидерот на табелата во Ла Лига.

Реал Мадрид сега има 66 бода и двоцифрена предност пред Севилја, која е на второто место со 56 бода на 10 кола до крајот на шампионатот.

 

- Оглас -

Најнови вести