Никој не знаеше за проблемот, Коман вчера имал операција на срцето!

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, ги шокира новинарите кога на прес-конференцијата пред дуелот со Бохум изјави дека Кингсли Коман, кој не тренираше вчера, во течот на вчерашниот ден бил на операција на срцето.

Фудбалерот од Франција, кој има 25 години и со својот гол му донесе победа на Баерн во финалето на Лигата на шампионите минатата година, имал аритмија.

„Кинг беше на операција на срцето вчера. Имаше мало дополнително отчукување на срцето, мала срцева аритмија. Поради тој проблем, понекогаш имаше мал проблем со земањето здив и затоа беше опериран. Од вторник повторно ќе прави кардиовежби, мислам дека нема да игра околу две недели“, рече Нагелсман.

- Оглас -

Најнови вести