Ништо не е невозможно кога се сака: Тенисерка со осум прсти ќе игра на Вимблдон

Легендарниот Гренд слем турнир Вимблдон ќе се игра од 1 до 14 јули, а оваа сезона ќе биде со една посебна ѕвезда. Се работи за 18-годишната Франциска Џонс од Лидс. Тинејџерката е родена со едно ретко генетско пореметување познато како ЕЕД или ЕЕЦ. Џонс е родена со испреплетени прсти и по многубројни терапии и операции, таа сега има по четири прсти на двете раце. На едната нога има четири прсти, а на другата само три прсти.

Поради овој хендикеп, Џонс имала голем проблем со рамнотежата. Иако имала голема желба да биде тенисерка од врвно ниво, лекарите едноставно и рекле дека тоа нема шанси да се случи. Сепак, Франциска не се откажала и продолжила напорно да тренира. Таа сега е на 297 место на ВТА листата и повторно ќе и се исполни еден голем сон. Повторно ќе игра на Вимблдон, откако доби вајлд карта.

„Секогаш кажувам дека најголемо задоволство во животот е тоа за кое луѓето кажуваат дека е невозможно. Тоа е моето мото и така живеам. Секојдневно напорно тренирам и ги подигнувам сопствените граници. Знам колку морав да се борам за да можам да играм тенис. Верувам дека можам да се приближам до врвот“, вели Џонс, која е голем борец.

 

- Оглас -

Најнови вести