Ништо ново за малерот на Баерн, повреден ја почнувa 2021 година

Кингсли Коман несомнено важи за еден од најголемите малери во фудбалот. Стаклениот француски офанзивец повреден ќе ја почне 2021 година и вечерва нема да биде во составот на Ханси Флик за дуелот против Мајнц.

Коман се здоби со мускулна повреда во последниот меч на Баварците во 2020 година, на гости кај Баер Леверкузен.

Со повреда ја почна сезоната, а таман кога влезе во континуитет и запиша 15 настапи, крилото на Баерн ќе мора да паузира одреден период иако повредата не е сериозна. Во кариерата во повеќе наврати пропуштал по цели сезони поради тешки повреди, а во меѓувреме и ситни проблеми го отстрануваат од терените и јасно е дека фрустрира фактот што неговото тело попушта.

Коман инаку стана миленик на навивачите на Баерн Минхен со погодокот против ПСЖ кој беше доволен за шестата европска титула на Баварците минатата сезона, па за нив ќе биде разочарување што нема да го гледаат вечерва против Мајнц.

- Оглас -

Најнови вести