Ноември донесе нова тура финалисти во Типстер купот

Нов месец означува и нова шанса да се стане финалист на Типстер купот на Sport Life, кој ви нуди единствена можност – ОСВОЈУВАЊЕ СТАН ВО СКОПЈЕ. Играта која веќе со години ја организираат најдобрите обложувалници во Македонија, оваа сезона ја достигнува кулминацијата.

Ексклузивно откриваме дека станот кој ќе се додели на типстер-шампионот се наоѓа во елитната скопска населба Водно. Познатата локација може да послужи како дополнителна мотивација за учесниците.

Обложувалниците на Sport Life се вистинското место за добитни тикети и за многу вредни награди, а третата тура финалисти во Типстер купот од ноемвриската сесија се веќе познати, а тоа се двајцата првопласирани од секој објект на реномираниот приредувач на игри на среќа.

Во глобалниот пласман меѓу финалистите по 11-тиот месец од годинава, на првото место стои К. Паца со 74.919,3 поени, додека второпласираниот К. Цветан со 73.664,4 поени. На третото место е М. Митко со 72.690,9 поени, следува Т. Бобан со 72.481,4, додека К. Љуба го држи петтото место со 71.325 поени.

Од оваа сезона во финалето и во битката за „Стан во Скопје“ се пласираат по двајцата најдобропласирани играчи на месечно ниво од секој објект во синџирот обложувалници на Sport Life. За списокот на новата тура учесници во финалето на Типстер купот може да се информирате на интернет-страницата на Sport Life.

Има вкупно 9 етапи, што значи дека сè уште има време да се вклучите во трката за мегапремијата што ќе ја добие најдобриот во финалната фаза што Sport Life ќе ја организира за сите финалисти од 12 јуни до 12 јули 2020 година.

Еве го списокот со главните награди во оваа сезона на популарниот Типстер куп:

1.Стан во Скопје

2. 5.000.000 СЛ Маркет поени
3. 3.000.000 СЛ Маркет поени
4. 1.000.000 СЛ Маркет поени
5.    500.000 СЛ Маркет поени
6.    200.000 СЛ Маркет поени
7.    100.000 СЛ Маркет поени
8.      50.000 СЛ Маркет поени
9.      40.000 СЛ Маркет поени
10.      30.000 СЛ Маркет поени

- Оглас -

Најнови вести