Нојер: На ваквите екипи обично им даваме по пет гола

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер не можеше да објасни што се случи синоќа и како германскиот првак загуби на гостувањето кај Аусбург со 2:1, во првиот меч од 12. коло.

Аусбург кој е во долниот дел од табелата даде два гола во првото полувреме и имаше изненадувачка предност од 2:0, а потоа роберт Левандовски намали на 2:1. Во второто полувреме Баерн имаше доминација но не успеа да даде гол и го претрпе вториот пораз сезонава.

„Секако дека сме разочарани. Мора да победуваме против вакви екипи. Подобри сме од нив. На овој меч не бевме на вистинското ниво во првото полувреме. Бевме пасивни, немавме доволно храброст да одиме во напад. Ме загрижува тоа што не создававме шанси. Обично против вакви екипи даваме по пет гола. За жал сега не успеавме“, критички расположен беше Нојер по поразот.

- Оглас -

Најнови вести