Нојер со еден потег „исфрли“ од игра тројца противнички играчи (Видео)

Мануел Нојер се прослави не само по одличните одбрани туку и благодарение на неговата одлична техника и играње со нога. На последниот меч во дресот на Баерн, Нојер едноставно си поигра со тројца фудбалери на Фрајбург, и тоа во моменти кога Баерн имаше предност само од 1:0, што значи дека само еден кикс можеше да донесе израмнување на гостите.

Нојер излезе далеку од својот гол, прифати една топка, која не толку вешто ја исфрли. За среќа, топката повторно заврши во неговите нозе, а тој на 40-тина метри од својот гол, со тројца противнички играчи во близина, го направи вистинскиот потег за да ги исфрли сите тројца од игра.

 

- Оглас -

Најнови вести