Нојер влезе во кафуле во село во Хрватска и им плати пијачка на сите (Фото)

Мануел Нојер, голманот на Баерн Минхен и германската репрезентација, е голем љубител на макарската ривиера на хрватското приморје, па повторно е на одмор во тој дел на Хрватска. Тој во едно место кое се вика Гати, во подножјето на планината Биоково во близина на градот Омиш, се појави во кафуле, а на сите присутни им дал автограм и се фотографирал со сите.

Тој уште додека бранеше за Шалке, се заљуби во Хрватска, а од Иван Ракитиќ и другите хрватски пријатели научил и многу зборови од хрватскиот јазик и некои хрватски песни. Омилена песна му била „Дао би сто Америка“ (Би дал 100 Америки) од Јасмин Ставрос, која ја нарачувал од музиканти во Дубровник.

Нојер бил со велосипед, а на крај оставил автограм и на влезот на локалот.

- Оглас -

Најнови вести