Ноќ на сензации во НБА: Адетокумбо броеше до 40, ама попусто кога „Бакси“ се шокирани од Минесота (ВИДЕО)

Јанис Адетокумбо постигна 40 поени во поразот на неговиот тим Милвоки бакс, и тоа на домашен терен од Минесота тимбервулфс со 108:113.

Најдбориот кошаркар на актуелниот НБА-првак, покрај ваквиот учинок, имаше и 16 скокови, но сето тоа беше недоволно за да се спречи радоста на Минесота, која беше предводена од Д’Анџело Расел со 29 поени.

Интересно е што гостите практично имаа водство од првиот напад, а во еден наврат имаа и предност, која изнесуваше 20 поени (34:54).

Ова беше ноќ на изненадувања во НБА, а за такво нешто покрај Минесота, се погрижија и Кливленд кавалирс, кој го победи Лос Анџелес клиперс со 79:92.

Најдобар играч на оваа средба беше Колин Секстон, кој стигна до бројката од 26 кошеви.

Нешто слично беше и во Феникс, каде што домаќинот кој минатата сезона играше финале беше шокиран од Сакраменто Кингс со 107:110.

Во дербито на вечерта, Мајами хит беше подобар од Бруклин нетс со 93:106, и тоа благодарение на двоецот Бем Адебајо (24 поени) и Џими Батлер (17 поени, 14 скока).

 

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Милвоки бакс – Минесота тимбервилфс 108:113

Орландо меџик – Шарлот хорнетс 111:120

Бостон селтикс – Вашингтон визардс 107:116

Бруклин нетс – Мајами хит 93:106

Њу Орлеанс пеликанс – Атланта хокс 99:102

Торонто репторс – Индијана пејсерс 118:100

Оклахома Сити тандер – ЛА лејкерс 123:115

Феникс санс – Сакраменто кингс 107:110

Портланд трејлблејзерс – Мемфис гризлис 116:96

ЛА клиперс – Кливленд кавалирс 79:92

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести