Нокаут за Несторовски и Удинезе на „Алијанц“

Јувентус е четвртфиналист во Купот на Италија по убедливата победа од 4-0 против Удинезе. Старата дама на погон на Аргентинците Дибала и Игуаин ја обезбедија радоста на домашните навивачи, но за Илија Несторовски и Зебрите токму на „Алијанц“ стадионот заврши куп-авантурата.

Домаќините веќе по 26 минути игра имаа сигурни 2-0, а првиот гол беше вистинско ремек-дело на Аргентинците. Дибала и Игуаин комбинираа неколку додавања на мал простор и лесно стигнаа до противничкиот гол.

Во вториот дел Игуаин се најде во улога на асистент за Дибала, додека Коста стрелаше од белата точка во 61-та минута за конечни 4-0. Противник во четвртфиналето на Јувентус ќе биде подобриот од дуелот Рома – Парма.

- Оглас -

Најнови вести