Нокаут за пет минути, Полска води со 2-0 (видео)

Македонија не успеа да издржи и дозволи гол во својата мрежа по еден опасен напад на домаќините. Полска води со 2-0 преку Франковски и Милик со нивните погодоци во 74-тата и 80-тата минута и ја стави нашата репрезентација во неполволна позиција.

Криховјак го разигра Левандовски со прецизна долга топка, а капитенот на Полјаците одлично се снајде во опасната зона и го доведе својот соиграч до позиција да ја затресе мрежата, а Франковски ја протна топката меѓу нозете на Димитриевски.

Неколку минути подоцна Милик дојде во ситуација да се закани, а неговиот удар од далечина беше необранлив за нашиот чувар на мрежата.

https://twitter.com/Dokturka25/status/1183477971996295173

- Оглас -

Најнови вести