Ноле: И на 0:5 верував дека ќе победам

Рафаел Надал го претрпе само третиот пораз во 16 години играње на Ролан Гарос, откако синоќа со 1:3 во сетови загуби од Новак Ѓоковиќ. Со оваа победа, популарниот Ноле потврди зошто е најдобар тенисер во светот. Србинот вели дека бил убеден дека ќе победи, иако го загуби првиот сет и тоа убедливо.

„Најдобар меч кој го имам одиграно против мојот најголем ривал на Ролан Гарос. Ова е еден од мечевите кои ќе ги памтам. Можам да ги вметнам во Топ 3. Сите знаеме колку е тешко да се победи Рафа на Ролан Гарос. Иако немав добар старт, верував дека можам да победам и кога губев со 0:5 во првиот сет“, вели Ѓоковиќ, кој додаде дека допрва ќе размислува и ќе кри тактика за финалето против Стефанос Циципас.

И Надал го призна поразот.

„Тоа е спортот. Некогаш губиш, некогаш победуваш. Се обидов да победам, но едноставно не беше мој ден. Играв со целата сила, но едноставно не можев да победам. Ова беше голема борба и секоја чест на Новак, заслужено победи“, рече Надал.

 

- Оглас -

Најнови вести