Ноле не смее да се лизне: Србинот игра меч кој е реприза од финалето на Вимблдон во 2018 година

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, за противник го има Кевин Андерсон во второто коло од гренслем-турнирот на Вимблдон. Овие ривали добро се познаваат затоа што досега имаат одиграно дури 12 меча меѓу себе. Очекувано, Ѓоковиќ е многу поуспешен и има 10 победи, додека Јужноафриканецот се радувал само двапати.

Највредниот меч што го имаат одиграно е токму на Вимблдон, и тоа пред три години. Андерсон стигна до финалето, но не успеа да го направи завршниот удар затоа што Ноле беше подобар и славеше со 3:0 во сетови. Србинот има пет титули на неофицијалното светско тениско првенство, а и оваа година е главен фаворит за тронот.

Мотив повеќе за Ѓоковиќ е тоа што со евентуално освојување на трофејот, ќе стигне до 20 гренслем-титули и ќе се израмни на врвот со Роџер Федерер и Рафаел Надал.

На терените на Вимблдон денеска се играат голем број мечеви во машка и женска конкуренција и сите може да ги најдете во понудата на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести