Ноле во Торино го очекува реприза од завршницата на Отвореното првенство на САД

Германскиот тенисер Александер Зверев со 2:0 го победи Хуберт Хуркач на завршниот Мастерс турнир и е речиси сигурен учесник во полуфиналето. Во полуфиналето од оваа група сигурно ќе игра и Данил Медведев, кој е сигурно прв со две победи, а вечерва игра против Јаник Синер од Италија.

Од другата група, сигурно прв е Новак Ѓоковиќ, кој победи во првите две кола. Ако нема никаква промена во табелите, Ноле ќе има ист распоред во завршницата како што беше на Отвореното првенство на САД. На гренслем-турнирот во Њујорк, Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против Зверев, додека во финалето потенцијален ривал му е Медведев.

На Отвореното првенство на САД, Ѓоковиќ го загуби единственото финале на грен-слем турнирите за оваа година и не успеа да заокружи перфектна гренслем-година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести