Ноле за потегот на татко му: Лично сме поминале неколку војни, ние сигурно не поддржуваме такво нешто

Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан, не беше на трибините за полуфиналето на Австралија опен, во кое Србинот лесно со 3:0 во сетови го победи Томи Пол од САД.  Причиона поради која таткото на Новак не беше на трибините е тоа што Срѓан беше „уловен“ како се фотографира со знаме на кое стоеше буквата „Z“, која е заштитен знак на руската војска во нападите врз Украина.

Многумина ова го протолкуваа како поддршка од Срѓан за Русија и нападите врз Украина, но Новак тоа го демантираше.

„Видов што се случи и можам да кажам дека сето тоа несреќно е протолкувано. Секако дека не бев среќен кога го видов тоа. Мојот татко, семејството, сите ние поминавме неколку војни во 90-тите години. Татко ми даде соопштение во кое јасно потенцира дека е против војна и тоа е прво што сакам да го кажам. Второ, мојот татко по секој меч на Австралија опен, се дружи со навивачите за да им изрази почит за тоа што секогаш ми даваат поддршка. Медиумите тоа го протолкуваа на погрешен начин. Имаше многу српски знамиња, мислел дека се фотографира со некој од Србија. Ќе го оставиме тоа зад нас и ќе се фокусираме на тенисот“, рече Ѓоковиќ, кој утре ќе го игра јубилејното 10-то финале на Мелбурн, а противник ќе му биде Стефанос Циципас.

- Оглас -

Најнови вести