Нордсјеланд има најмлад тим во Европа – Опсерваторијата го заборави Вардар

Познатата опсерваторија за фудбал ЦИЕС ги рангираше клубовите во Европа според годините во просек што ги имаат играчите, а најмлад состав има дански Нордсјеланд.

Една од најдобрите екипи во Данска има ултра млад тим со просек од 22.1 години на фудбалерите, а идентично е и со Енергетик од Белорусија.

Зад нив е Херенвен со тим што во просек има 22.7 години. Познатата Опсерваторија го заборави нашиот најтрофеен клуб Вардар, кој исто така има многу млад тим, и веројатно би конкурирал и за врвот, но не е воопшто споменат, ниту рангиран на долгата листа на ЦИЕС со европски клубови од сите земји.

 

- Оглас -

Најнови вести