Нориаки Касаи: Ќе скокам додека не умрам!

Славниот јапонски ски-скокач Нориаки Касаи, кој има 49 години, и уште е активен, не планира да ја заврши кариерата. Ветеранот Касаи и понатаму е меѓу подобрите јапонски ски-скокачи, но формата му е слаба за некаков подобар резултат. Тој е разочаран што не беше сместен во јапонската репрезентација за настанот во Оберстдорф, но не се обесхрабрува, туку напротив, најавува дека ќе тренира напорно да за биде во форма за Олимписките игри во Пекинг во 2022 година.

„Сакам да скокам додека не умрам. Или можеби ќе учествувам на натпревари само до мојата 60-та година. Не ми е тешко, помладите уште имаат проблем да ме победат“ – изјави Касаи.

Попладнево на скокалницата во Оберстдорф има натпревар од Светскиот куп во ски-скокови, а ако имате свој фаворит за победник, може да се обложите во обложувалниците Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести