Нов блеф на Надал? Не е сигурен дали ќе може да игра во полуфиналето на Вимблдон!

Ник Кирјос би можело без борба во полуфиналето да се најде во финалето на Вимблдон доколку Рафаел Надал го предаде мечот кој треба да се игра утре.

Надал по исцрпувачкиот меч (траеше 4 часа и 20 минути) во пет сета против Тејлор Фриц, рече дека не знае дали ќе може да игра во полуфиналето. Се пожали на замор и болки во стомакот, но тоа го кажуваше и неодамна, речиси пред секој меч на „Ролан Гарос“, но се појавуваше на терен и ги победуваше противниците.

Надал во 2008 година на Вимблдон играше финале против Роџер Федерер, а тогаш не верувал дека во 2022 повторно ќе настапи во Лондон, но тука е и кандидат е за трофејот.

„Кога сервирав, нешто се случуваше во абдоменот, мислев дека нема да можам да го доиграм мечот. Татко ми и сестра ми бараа да се повлечам. Навикнат сум да играм со болки. Ќе треба да направам дополнителни испитувања пред да решам дали ќе играм. Сега не можам да кажам ниту да, ниту не“, изјави Надал по дуелот со Фриц.

- Оглас -

Најнови вести