Нов доказ – еве зошто Сари се налути на синоќешниот тренинг (Видео)

Откако од Челзи објавија дека заминувањето на Маурицио Сари од синоќешниот тренинг не е поврзано со однесувањето на ниту еден фудбалер, туку се должи на немањето услови да се завршат последните 15 минути последни подготовки пред мечот со Арсенал, бидејќи имало камери и новинари, се појави снимка на која точно се гледа зошто италијанскиот стручњак се изнервира.

За време на тренингот, Давид Луиз со лакт го удри Гонзало Игуаин. Тренерот застана во одбрана на Аргентинецот и бараше објаснување од Бразилецот, по што налутен си замина во соблекувална, шутирајќи ја и фрлајќи ја капата која ја носеше.

- Оглас -

Најнови вести