Нов гол на Митровиќ во Чемпионшип, Србинот ги поместува границите и брка нов рекорд

Александар Митровиќ има неверојатна сезона во дресот на Фулам, денеска во победата над Кардиф од 1-0, го постигна својот 34-ти гол сезонава во популарниот Чемпионшип.

Овие 34 гола на Митровиќ се рекорд во историјата на Чемпионшип, откако лигата се вика така и се игра по актуелниот формат.

Сега пред Србинот е нова потера по ред. Рекордот на втората лига во Англија е 42 гола, а го постави Гај Витингем од Портсмут пред 30-тина години.

- Оглас -

Најнови вести