Нов хит на Невил, раскажа зошто не сакал да биде во иста соба со Бекам

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, а во последно време многу присутен во британските медиуми, Гери Невил, раскажа зошто не му се допаѓало да биде сместен во иста соба со Дејвид Бекам, во времето кога беа соиграчи.

„Со него живеевме заедно шест месеци, а потоа почнаа да нè сместуваат во одделни соби. Јас и Бекам воопшто не си одговаравме, заспивавме во различно време. Јас си легнував во 21 часот и станував во 5 наутро, а Бекс си легнуваше во 23 и стануваше во 8. Така, тој ме вознемируваше од 21 до 23, а јас него од 5 до 8“ – вели Невил.

Легнувањето во различен термин не бил единствениот проблем.

„Дејвид е многу чист. Тој пали свеќи, закачува слики, сака сè да биде перфектно средено, а јас расфрлам работи. Друго, јас постојано зборувам, додека тој воопшто не е таков. Тој сака да слуша музика, да се релаксира. Бевме целосно различни во тој поглед“ – раскажува Невил.

- Оглас -

Најнови вести