Нов хит со англискиот на Блаж Слишковиќ (Видео)

Блаж Слишковиќ е претставен како нов тренер на клубот Китчи, кој се натпреварува во првенството на Хонг Конг, а тој своето прво обраќање го имаше на англиски јазик, што предизвикува смеење кај сите кои знаат како харизматичниот Бака зборуваше не баш течен англиски пред десетина години додека го водеше Зрински.

Еве ја легендарната изјава по мечот на Зрински со Петах Тиква:

 

„И јас се смеам кога го гледам тој клип. Не сакам да се оправдувам, но бев многу возбуден од добриот резултат, а и имав несреќа одзади постојано да ме штипат и деконцентрираат луѓе од клубот“, кажа Слишковиќ пред неколку години, со напомена дека во меѓувреме неговиот англиски е многу подобрен.

Слишковиќ, кој има 60 години, реши да работи на далечниот Исток, и тоа во еден од најсилните клубови во Хонг Конг кој лани беше четврти.

„Китчи е најдобар клуб во Хонг Конг и сигурен сум дека ќе го освоиме шампионатот“ – кажа Слишковиќ.

Слушнете колку напредувал Бака во говорот на англискиот:

https://twitter.com/i/status/1146818390276882432

- Оглас -

Најнови вести