Нов љубовен триаголник – Лавеци е во главна улога

Веќе со години е позната љубовната фудбалска афера во која во главна улога беа Макси Лопез, Мауро Икарди и Ванда Нара. Лопез и Икарди беа најдобри пријатели, а Ванда беше жена на Макси. Сепак, во еден момент, Икарди ја „украде“ сопругата на својот дотогашен пријател и станаа вечни непријатели.

По овој љубовен тријаголник во кој беа вмешани двајца аргентински фудбалери, сега се појави нов Дон Жуан. Се работи за Езекиел Лавеци. Поранешниот напаѓач на ПСЖ ја изневерувал својата тогашна девојка Јанина Скрепанте, со убавата Наталија Боргес која била девојка на неговиот тогаш најдобар другар Лоренцо Tонети.

Целата аферја ја откри Јанина, која порача дека кармата еден ден ќе го стигне Лавеци.

„Сите нѐ лажеше. Својот најдобар другар, мене и дефинитивно не ме заслужува. Кога-тогаш, кармата ќе ги стигне двајцата“, порача Јанина.

За разлика од поранешната девојка на Лавеци, сегашната негова љубов, атрактивната Наталија вели дека е уморна од објаснување и сака да ужива со својот сакан.

„Уморна сум од објаснување, не сум била со тој дечко две години, имам право на свој живот. Езекиел е прекрасен“, вели Наталија, која деновиве ужива со фудбалерот на Карибите.Наталија е позната бразилска маникенка и глумица.

- Оглас -

Најнови вести