Нов малер за Реал Мадрид, Марсело три недели аут

Бразилскиот лев бек Марсело, кој синоќа по подолго време се најде во стартниот состав на Реал Мадрид и имаше асистенција за вториот гол против Хетафе, во финишот на мечот се повреди и излезе од игра, а клубот денеска објави дека станува збор за мускулна повреда за која лечењето трае околу три недели.

Ова е нов проблем за Зинедин Зидан, кој мака мачи да состави тим за натпреварите со оглед на долгата листа на повредени. Марсело сезонава најчесто е резервист, ретко игра, па веројатно и тоа придонесе неговите нозе да не го издржат напорот.

И против Валенсија в недела Реал ќе мора да користи некои од младинците, како што се случи синоќа. Од сениорите, повредени се Рамос, Карвахал, Одриосола, Милитао, Марсело, Валверде, Азар, Лукас Васкес и Родриго. Барем половината од нив нема да може да играат на мечот со Аталанта од Лигата на шампионите на 24 февруари. Најблиску до враќање се Васкес, Карвахал и Валверде, но додека тие закрепнат, шанса ќе добиваат некои од младите кои синоќа внесоа свежина и покажаа дека клубот треба да смета на нив клубот во блиска иднина.

- Оглас -

Најнови вести