Нов нокдаун и во втората рунда или грогираниот Работнички ќе се исправи на нозе?

Вториот натпревар од финалната серија во македонскиот кошаркарски плејоф, кој почнува во 20.15 часот во „Борис Трајковски“, може да биде и клучен бидејќи доколку слави МЗТ Скопје Аеродром над Работнички, „штрковите“ речиси сигурно ќе дојдат до својата седма титула. Досега во историјата на финалињата, без разлика дали се играло во три или четири добиени, тимот што водел со 2-0, на крајот секогаш ја освојувал титулата.

Во Работнички имаат многу проблеми, почнувајќи од заморот и малата ротација која дополнително е намалена по повредата на Димитар Мираковски, а не е за занемарување и психолошкиот момент по дебаклот во Аеродром и поразот од 36 разлика, кога во последната четвртина дадоа срамни три поени, и тоа сите од слободни фрлања. Друг проблем е што Работнички нема класичен домашен терен, игра во „Борис Трајковски“, а не во „Градски парк“, каде што тренира.

Во МЗТ се свесни дека се фаворити, но и дека работата е далеку од завршена. Металците треба да покажат дека се зрели за враќање на титулата која лани им ја зеде Работнички. Триумф на МЗТ и водство од 2-0 ќе го донесе тимот на тренерот Ѓорѓи Кочов на чекор од титулата, која ќе може да ја завери уште в четврток на свој терен.

Според квотите во обложувалниците Sport Life, фаворит на хартија е МЗТ, а зададената граница за поени е 156,5. На првиот меч паднаа 124, но денеска сигурно ќе биде поефикасно и понеизвесно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести