Нов шок на Вимблдон кај жените, испадна и Сабаленка

Наоми Осака првпат во кариерата ќе игра четвртфинале на Вимблдон, откако вечерва во осминафиналето ја совлада првата носителка Арина Сабаленка.

Јапонката беше подобра со 6-2, 7-6, потврдувајќи дека годинава гренслемите се ноќна мора за најдобрата тенисерка на светот. Белорусинката имаше серија од 122 мечеви по ред на кои немаше пораз од 0-2 во сетови, а во осминафинале на гренслем немаше испаднато уште од „Ролан Гарос“ во 2022. Со овој пораз, Сабаленка загуби 540 поени на ВТА листата, но нејзиното прво место не е загрозено, со оглед на тоа што второпласираната Елена Рибакина беше елиминирана во третото коло.

Кај дамите, годинава титулата на Вимблдон ќе ја освои некоја тенисерка која досега не го освојувала Вимблдон.

Ова ќе биде деветти пат по ред тенисерка без трофеј на Вимблдон, да ја освои титулата во женска конкуренција. Од 2018 до 2025 победуваа Кербер, Халеп, во 2020 не се играше поради пандемијата, Барти, Рибакина, Вондроушова, Крејчикова и Швјонтек. 

- Оглас -

Најнови вести