Нов шок за Барселона: Агуеро бара раскин на договорот

Серхио Агуеро сака да фрли сол на раната на Барселона, која сè уште се обидува да се помири со фактот дека Лионел Меси, најдобриот фудбалер во клупската историја, нема да се врати на „Камп ноу“.

Шпанските медиуми шокираа со најновите информации дека Агуеро е бесен на ситуцијата и веќе ги активирал своите адвокати да го раскинат неговиот договор со Каталонците. Управата му вети на Агуеро дека Меси ќе остане во клубот, па тој прифати и потпиша со шпанскиот гигант, но неговиот стар пријател и цимер додека се на обврски со Аргентина, е на пат кон Париз за да стане нова мегаѕвезда на ПСЖ.

Доколку претставниците на Агуеро му овозможат заминување, аргентинскиот напаѓач ќе ја напушти Барселона по само неколку недели, неколку одработени тренинзи и без ниту еден настап за екипата.

- Оглас -

Најнови вести