Аргентинскиот судија Факундо Тељо е назначен за главен судија на утрешниот прв четвртфинален дуел на Светското првенство меѓу Франција и Мароко. Оваа одлука на ФИФА предизвика негодување во таборот на двете репрезентации.
Француските медиуми и навивачите сметаат дека е контроверзно што судија од Аргентина, тим кој сè уште се бори за титулата и е потенцијален ривал на Французите во финалето, ќе го суди натпреварот. Слични реакции имаше и од Аргентинците кога за осминафиналето против Египет како главен арбитер беше назначен францускиот судија Франсоа Летексиер.
Од друга страна, Мароканците имаат дополнителна причина за загриженост. Тељо го судеше нивниот четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар против Португалија, кога го исклучи Валид Чедиру во последните минути, покажувајќи му два жолти картони по ред.
The match officials for @FIFAWorldCup match 97 have been appointed. 🤝
— FIFA (@FIFAcom) July 7, 2026
За 44-годишниот аргентински судија ова ќе биде трет меч на Светското првенство во 2026 година.

