Нова катастрофа на македонската женска репрезентација

Само за пет дена, женската фудбалска репрезентација на Македонија двапати беше убедливо совладана од Северна Ирска во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година.

Откако на 25 овој месец во Скопје Македонија загуби со 0:11, вечерва на гости повторно беше убедливо совладана со 0-9. Домаќинките првиот гол го дадоа во 11-тата минута, а нашите фудбалерки „држеа„ само еден гол негатива до 30-тата минута. Потоа, во период од осум минути, домаќинките постигнаа три гола и на полувреме водеа со 4:0.

Во вториот дел, мрежата на Македонија мируваше до 62-рата минтуа, а потоа домаќините постигнаа два погодоци за две минути. Последниот гол беше во 93-тата минута.

Северна Ирска сега е на второто место во групата со 13 бодови од шест меча, додека Македонија остана на претпоследното место само со три освоени бодови од шест средби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести