Нова победа на Италија за светски рекорд! (видео)

Италија веќе се гледа како осминафиналист на Европското првенство по вечерашната победа од 3-0 над Швајцарија во второто коло. Со овој триумф Аѕурите поставија светски рекорд за 10 последователни победи во сите натпреварувања во кои немаат примено ниту еден гол.

Со двата гола на Локатели вечерва, гол-разликата е 31-0 за Италија, која последен пат вадеше топка од својата мрежа на 14 октомври 2020 година, во меч против Холандија. Составот на Роберто Манчини воедно ја продолжи серијата на 29 меча без пораз, поточно од кога тој ја презеде клупата, Италија нема претрпено разочување.

На „Олимпико“ во Рим победата ја донесе Мануел Локатели со два погодоци, по еден во двете полувремиња. Играчот за врска на Сасуоло со рутинска егзекуција стрелаше во 26-тата минута, а трите бода ги запечати во 52-рата минута.

Иако немаше дилеми околу победникот, Имобиле во 89-тата минута ги постави убедливите 3-0.

- Оглас -

Најнови вести