Нова спортска трагедија – Почина хрватската легенда Златко Крањчар

Златко Крањчар почина на 65-годишна возраст по куса и тешка болест, објавија хрватските медиуми. Еден од најдобрите играчи од ерата на фудбалската игра во поранешна Југославија ја загуби најважната, животната битка.

Играше за Динамо Загреб, кој му беше и матичен клуб од 1973 до 1983 година, а кај популарните Модри беше и во најмладите денови, како член на младинските категории од 1966 година.

Потоа 7 години го носеше дресот на Рапид Виена, а кариерата ја заврши во 1991 година како фудбалер на австриски Сент Пелтен.

Како тренер мина многу различни дестинации и беше на кормилото на над 20 клубови и на неколку репрезентации. Меѓу нив се Хрватска и Црна Гора, а во последната фудбалска мисија беше селектор и на репрезентацијата на Иран за играчи до 23 години.

Популарниот Цицо, како што го нарекуваат, е татко на познатиот фудбалер Нико Крањчар.

- Оглас -

Најнови вести