Нова трагедија: Почина 34-годишен парагвајски фудбалер од срцев удар

Парагвајскиот фудбалер Едгар Аранда ненадејно почина само на 34-годишна возраст. Ова е трета фудбалска смрт во помалку од седум дена. Минатата недела фудбалскиот свет се прости од легендарниот Диего Армандо Марадона, кој имаше 60 години, а потоа почина и некогашниот сенегалски репрезентативец Папа Буба Диоп на 43-годишна возраст.

Аранда пред две години ја заврши кариерата, и тоа во тимот на Индепендиенте, а претходно поголем дел од кариерата помина во тимот на Гуаранија, со кого беше и првак во 2016 година.

- Оглас -

Најнови вести