Нови детали за трагедијата, пилотот на хеликоптерот на Коби бил дезориентиран

Истрагата околу хелокоптерската несреќа кон крајот на јануари во која животот го загуби славниот кошаркар Коби Брајант и уште осум лица откри нови детали. Објавено е дека 50-годишниот пилот Ара Зобајан, кој управувал со леталото, не бил под дејство на алкохол или дрога, но бил дезориентиран.

Истрагата покажала дека Зобајан при разговор со контролата на лет рекол дека се качува на висина од 1.220 метри за да дојде над облак, а всушност во тој момент веќе губел висина и паѓал кон ридот во кој се урна на крајот. Националниот одбор за сигурност во сообраќај, напиша во извештајот дека пилотот најверојатно погрешно го проценил патувањето низ густата магла и лошата видливост. Стручњаците велат дека при слаба видливост, кај пилотите се случува ваква погрешна перцепција на аглите под кои се движи и спушта хеликоптерот.

Конечниот извештај од 1.700 страници со конкретна причина за падот ќе биде објавен подоцна. Јасно е и дека нема знаци на проблем со моторот и елисата се вртела до моментот на ударот, кој бил со брзина од 296 километри на час.

 

- Оглас -

Најнови вести