Нови проблеми за Клоп: Александер – Арнолд не игра против Јунајтед

Јирген Клоп повторно се соочува со проблеми во дефанзивата во пресрет на дербито против Манчестер јунајтед. Следен на листата повредени се најде десниот бек Трент Александер – Арлонд, веќе трет одбранбен играч во изминатиов период, откако претходно се повредија Матип и Гомес, кои ќе отсуствуваат подол период.

„Повредата не е сериозна како што е во случајот со Матип и Гомес, но Трент нема да може да игра во недела. Моја работа е да најдам решение за овој проблем. За среќа, Клајн веќе неколку дена тренира по паузата од три недели. Не знам дали ево полн погон да ги издржи сите 90 минути, но ќе биде подготвен да настапи против Јунајтед“, истакна Клоп на прес-конференцијата.

Дербито кое ќе се игра на „Енфлид“, е закажано за в недела во 17 часот.

- Оглас -

Најнови вести