Новинарите немаа дилеми – Меси и Бајлс се најдобри спортисти за 2019 година

Лионел Меси и Симон Бајлс се најдобрите спортист и спортистка за 2019 година во изборот што го организираа новинарите од целиот свет.

Од меѓународното здружение на спортски новинари „АИПС“ најмногу гласови во машка конкуренција доби аргентинскиот репрезентативец и фудбалер на Барселона Лионел Меси.

Со 394 гласа, или 33 повеќе од кенискиот маратонец Кипчоги, Меси е избран за спортист на годината од претставниците на седмата сила.

На третото место е Рафаел Надал, зад него е Кристијано Роналдо, а во топ-5 е и светскиот првак во Формула 1 Луис Хамилтон.

Кај дамите довербата ја доби Симон Бајлс, петкратната светска шампионка во гимнастика, инаку репрезентативка на САД.

Бајлс со 452 гласа и за 46 повеќе ја победи сонародничката Меган Рапино, која беше најдобра фудбалерка на годината.

Шели Ен-Фрејзер, атлетичарката од Јамајка е на третото место со 331 глас.

Ливерпул е најдобра спортска екипа на светот во изборот на 331 новинар од 102 земји.

- Оглас -

Најнови вести