Новинарка „случајно“ упати расистичка навреда кон новиот играч на Реал, па заврши во полиција

Расистички скандал ја засени промоцијата на Едуардо Камавинга како нов фудбалер на Реал Мадрид. Неговата презентација во средата го пренесуваа повеќе шпански медиуми, меѓу кои и телевизијата „РТВЕ“, кога новинарката Лорена Гонзалес „случајно“ упати навреди на расна основа до 18-годишниот француски играч за врска.

Пред да заврши преносот, Гонзалес прокоментира со „Па, овој е потемен од оделото кое го носи“, при тоа заборавајќи дека сé уште е вклучена во етер и коментарот јасно се слушна. Поради тоа новинарката беше приведена во полиција, а во меѓувреме од телевизијата веднаш се извинија и го осудија потегот на Гонзалес.

„РТВЕ се извинува поради коментарот и жали за случајот. Ваков тип на коментари не се став на телевизијата, ќе ги преземеме сите потребни чекори за да ја исправиме грешката“, стоеше во соопштението.

Гонзалес во меѓувреме се извини преку социјалните мрежи, но дефинитивно си наштети на кариерата во период кога фудбалот води тешка битка со расизмот кој е чест проблем на терените, како и на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести