Новиот играч на Барса, гордо позираше во дрес на Реал

Џејсон Муриљо е навивач на Реал Мадрид и тоа не им се допаѓа на фановите на Барселона, но Колумбиецот до јуни ќе ги брани боите на најголемиот ривал на Реал.

Валенсија се согласи да го позајми дефанзивецот Муриљо во Барселона, тој до крајот на сезонава ќе настапува за Барса, и вчера кога се официјализираше договорот, тој гордо се сликаше со дресот на новиот клуб.

Но, пред само две години, кога Муриљо беше член на Интер, тој на еден божиќен натпревар во градот Кали во Колумбија, играше облечен во дрес на неговиот омилен Реал Мадрид. Од Интер не му замерија за тоа, но од Барса сигурно ќе му забранат додека е нивен играч, да се појавува во дрес на мадридскиот клуб.

Муриљо од дете е фан на Реал, но овој клуб никогаш не изразил сериозен интерес да го привлече во своите редови.

- Оглас -

Најнови вести