Новиот капитен на Македонија со изјава како на вистински лидер

Стефан Ристовски беше играчот кој ја презеде капитенската лента кога Горан Пандев го напушти теренот во Амстердам. Токму дефанзивецот треба да биде лидерот на Македонија без Пандев во составот. Стефан вели дека играчите мора да го следат примерот на Пандев и дека никогаш не смеат да се откажат кога го носат македонскиот дрес.

„Фудбал се игра 90 минути. Некои играчи тоа уште не може да го сфатат. Не треба да се тешиме со тоа дека сме херои цело време. Фудбалот се игра уште и планирам уште да ѝ носам радости на македонската јавност. Факт е дека направивме успех, но жал ми е што со овој квалитет што го имаме не успеавме да го зачиниме со некој бод на ова натпреварување. Горд сум на оваа репрезентација, горд сум на овој селектор. Да извлечеме една убава поука од ова натпреварување. Ова е турнир каде што играат најдобрите репрезентации. Мора максимално да сме сконцентрирани, не сме толку искусни како останатите, мора во сите 90 минути да сме перфектни. Одиме напред. Не дојдов тука туристички да се прошетам, сакав да освоиме бод, да ја израдуваме јавноста како што направивме и против Германија во квалификациите. Им благодарам на сите навивачи кои дојдоа во Романија и Амстердам да ни дадат поддршка. Горан Пандев треба да биде пример за сите млади играчи како треба да се игра за Македонија. Еден е Горан“, рече Ристовски

- Оглас -

Најнови вести