Новиот македонски репрезентативец блесна: Со гол и асистенција донесе победа на својот тим (Видео)

Бојан Миовски е играчот кој треба да дебитира за македонската фудбалска репрезентација во септемврискиот циклус од квалификациите за Светското првенство во Катар. Напаѓачот на МТК беше најдобар на теренот и најзаслужен за победа на неговиот тим на гостувањето кај Ујпешт.

Ујпешт поведе со гол во 66 минута, но потоа следуваше шоу на Миовски. Македонецот најпрво погоди за 1:1 во 72 минута, а потоа, во судиското надолнување асистираше за победа на МТК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести