Новиот непријател на Каталонците, плачел од среќа кога Барса го победи ПСЖ со 6-1! (Фото)

Бразилскиот крилен напаѓач Винисиус Жуниор, кој сега игра за Реал Мадрид, до пред четири години бил голем фан на Барселона. Ова го откри поранешниот шеф на техничкиот секретаријат на Барселона за Јужна Америка и скаут, Андре Кури. Тој вели дека Винисиус бил блиску до трансфер во Барса, но работата се изјаловила и замина во најлутиот ривал на Каталонците.

„Се чувствувавме предадени од него. Требаше да го купиме за 13-14 милиони евра. Тој беше голем навивач на Барселона, плачеше од среќа кога го победивме ПСЖ со 6-1. Нејмар му беше идол кога играше фудбал на видеоигри, секогаш ја бираше Барса. Реал Мадрид го купи Винисиус без да го види како игра. Не сакаа уште еден случај како со Нејмар, затоа го купија и Родриго“, вели Кури.

Како и секој „јаничар“, така и Винисиус е најекстрмено расположен против „своите“. Тој ја излудуваше одбраната на Барса, ја провоцираше публиката која му врати со свирежи и фрлање шишиња, се караше со Пике и Алба, но Винисиус беше тој што на крајот се смееше и прослави победа.

- Оглас -

Најнови вести