Новиот португалски селектор ја врати насмевката на лицето на Кристијано Роналдо (Фото)

Она што му се случуваше на Кристијано Роналдо во нациoналниот тим за време на Мундијалот во Катар, сега е само минато и тој сега повторно е среќен и насмеан.

Новиот селектор Роберто Мартинес најави дека сериозно смета на Роналдо и дека не му е важно кој колку години има, туку како игра и дали може да помогне.

Според фотографиите од тренингот на Португалците објавени во тамошните медиуми, се гледа задоволството на лицето на 38-годишниот Роналдо, кој е рекордер по бројот на настапи и голови. 

- Оглас -

Најнови вести