Ново чудо кое е тешко да се објасни, Сабаленка беше на гејм од победа и одеднаш „згасна“

Русинката Дијана Шнајдер на неверојатен начин направи пресврт против првата носителка Арина Сабаленка и ќе игра прво полуфинале во кариерата на Ролан Гарос.

Сабаленка го доби првиот сет со 6-3, во вториот водеше со 5-3 и кога дојде на само еден гејм од победата, застана. Кај неа се случи некоја блокада, одеднаш почна да губи поени и гејмови и на крајot претрпе пораз. Шнајдер, која е 25-та на ВТА-листата, доби дури 10 гејмови по ред. Вториот сет го доби со 7-5, а последниот со 6-0. И тоа против најдобрата на светот.

Нешто слично како на Сабаленка му се случи и на Јаник Синер, но кај него барем беа видливи здравствени проблеми. Сабаленка чисто психолошки крахира и загуби меч кој не смееше да си дозволи да го загуби на ваков начин.

Во полуфиналето, Шнајдер ќе игра против Полјачката Маја Хвалинска, која е квалификант и пред турнирот не беше ни меѓу првите 100 на ВТА-листата.

 

- Оглас -

Најнови вести