Ново издание – Лигата на шампионите ќе почне во октомври, големото финале е во мај, во Истанбул

УЕФА го објави распоредот за Лигата на шампионите за новото издание во сезоната 2020/21 со почеток во октомври и финиш и меч за титулата во мај, во Истанбул.

Првото коло во фазата по групи ќе се игра на 20 и 21 октомври годинава, а во рок од по една седмица ќе се оидграат стартните три рунди.

Четвртото коло на распоредот е на 24 и 25 ноември, а потоа следуваат последните две кола, исто така со дистанца од по една недела едно од друго.

Фазата по групи ќе заврши на 8 и 9 декември, кога ќе бидат познати патниците за осминафиналето.

Двомечите од осминафиналето ќе се играат во февруари и март идната година. Првите дуели на распоредот се на 16/17 февруари и на 23/24 истиот месец, а реваншите ќе се играат во март, на 9 и 10, односно на 16 и на 17.

Четвртфиналињата на распоредот се на 6/7 април и реваншите на 13/14 април, а полуфиналињата ќе почнат две недели подоцна на 27/28 април, со реванши на 4 и 5 мај.

Големото финале за титулата ќе се игра на 29 мај во Истанбул.

- Оглас -

Најнови вести