Ново лигашко самоубиство на Реал Мадрид, се посрамоти и Куртоа (Видео)

Алавес цели 20 години чекаше да освои бод на гостување кај Реал Мадрид, а вечерва освои три, со победата од 2-1 против актуелниот првак кој преспа голем дел од мечот и мислеа на вторник и пресметката со Шахтар од Лигата на шампионите. За Реал ова е трети меч по ред на кој не победува, а на кој на противниците им подарува пенал.

Мадриѓаните беа некомплетни, но тоа не може да биде оправдување за киксот. Повторно сами се виновни за поразот, бидејќи примија гол од пенал (игра со рака на Начо) и еден после огромна грешка во додавање на Тибо Куртоа. Белгискиот голман во краток период прави две катастрофални грешки, прими кикс гол и за репрезентацијата.

Ова е катастрофалната грешка на Куртоа која го најави поразот на Реал:

https://twitter.com/i/status/1332796917856804868

- Оглас -

Најнови вести