Новогодишен подарок за навивачите во Италија: Од јануари можно е да се отворат стадионите

На почетокот од сезоната 2020/21 калчолигашите добија дозвола да пуштаат до максимум 1.000 гледачи на стадионите, меѓутоа новиот бран на корона-вирусот повторно ги затвори потрите од фудбалските арени.

Сепак, претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина, со оптимистичен став се надева дека навивачите ќе добијат новогодишен подарок и од почетокот на 2021 година постепено ќе може да се враќаат на трибините.

„Сезоната во Серија А е доста возбудлива, веќе посведочивме на неколку изненадувања. Сепак, мечевите не се играат во полн сјај бидејќи недостасуваат главните актери, а тоа се навивачите. Не можам да знам уште колку ќе трае оваа забрана, но се надевам дека во 2021 година ќе им овозможиме на фановите да се вратат на трибини. Првите чекори околу тоа ќе ги направиме уште во јануари, а доколку успееме, би требало и во други спортови навивачите полека да се враќаат на своите омилени места“, истакна Гравина.

Досега во Калчото се одиграа 13 кола, по кои Милан е на врвот на табелата со 31 бод, а го следат градскиот ривал Интер со 30 бода, односно актуелниот првак Јувентус со 27 бода.

- Оглас -

Најнови вести