Челзи е во лоша форма, иако го гази Кристал Палас, најдобра опција се головите

1009 Челзи – Кристал Палас (Англија, Премиер лига, 15 часот)

Челзи го чека омилениот ривал Кристал Палас екипа против која имаат неверојатна серија од 11 победи.

Проблем за Сините од „Стемфорд Бриџ“ е што се во лоша форма, а имаат и уште полоша атмосфера.

Тренерот Греем Потер само што дојде веќе е под огромен протисок и постојано навивачите на Челзи и дел од британските медиуми го менуваат.

Кристал Палас нема победа против Челзи од 2017 година и денеска веројатно има и најголема шанса во последните шест години со оглед на ситуацијата кај градскиот ривал од Лондон.

Предлог тип: 1+I&1+II (1.72)

 

1010 Њукасл – Фулам (Англија, Премиер лига, 15 часот)

Двете екипи имаат одлична сезона, над очекувањата и имаат амбиции за настап во Лигата на шампионите идната сезона, а Њукасл дури и за титулата во Англија.

Чавките имаат 9 бода помалку од лидерот Арсенал, иако со меч повеќе одигран и се уште се надеваат дека ќе можат да направат подвиг и ќе се вмешаат во битката за титулата.

Фулам е во страшна форма со пет победи по ред и изгледа непобедлив.

Со 31 бод клубот од Лондон заостанува за само четири чекори зад денешниот ривал кој го држи последното четврто место што води во ЛШ.

Иако на последниот меч играа и без Александар Митровиќ, кој им е убедливо најдобар стрелец и еден од најдобрите во Премиер лигата сепак го победија Челзи што им дава уште поголем потстрек пред денешното гостување кај Њукасл.

Њукасл е фаворит, но Фулам може до бод во меч на кој ќе има повеќе голови во второто полувреме.

Предлог тип: 1Х&2>1 (2.21)

 

1307 Алмерија – Атлетико Мадрид (Шпанија, Ла Лига, 16.15 часот)

Атлетико Мадрид се мачи сезонава во Ла Лига, а голем дел од навивачите барем според реакциите се заситија од начинот на работа на Диего Чоло Симеоне.

Чоло најави и разделба по долги и успешни 12 години соработка, па веројатно ќе сака тоа да биде со пласман во Лигата на шампионите.

Целта сезонава е да се обезбеди настап во ЛШ, бидејќи трката за титулата за Атлетико Мадрид се чини е завршена.

Алмерија очекувано бие битка за опстанок, па ова е меч на кој секој примен гол може скапо да чини.

Иако не играат како што знаат и соодветно на квалитетот што го имаат гостите се фаворити на меч на кој очекуваме да има малку голови.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.66)

 

1124 Тотенхем – Арсенал (Англија, Премиер лига, 17.30 часот)

Иако според бројот на одиграни натпревари и двете екипи не се ниту на половина пат од првенството во Англија, ова е еден од клучните мечеви за нив.

Со победа Арсенал би им побегнал на двете екипи од Манчестер, 8 бода на шампионот Сити и 9 на Јунајтед, што е голема разлика во трката за титулата.

Тотенхем е на петтото место и евентуален триумф против лидерот во првенството ќе им донесе голем потстрек, а и ќе останат рамноправен кандидат за место во ЛШ, па дури и во трката за шампионската круна.

Двете екипи имаат одлични офанзивни решенија и типуваме дека барем по еднаш ќе ја тресат мрежата на ривалот во големото дерби на Северен Лондон.

Предлог тип: ГГ (1.63)

 

3008 Аталанта – Салернитана (Италија, Серија А, 18 часот)

Аталанта е во битка за местата што водат во Лигата на шампионите, иако сезонава не се во ритамот што ги доведе во фокусот на интересот не само во Италија, туку и во светски рамки.

Експертите честопати велат дека стратегијата на Џанпјеро Гасперини е прочитана од ривалите, па Аталанта веќе не е главниот фудбалски хит на Чизмата.

Сепак Ла Деа има топ играчи и може да остане во врвот на италијанскиот фудбал, а денеска е голем фаворит за победа и за мини-серија од три меча без пораз во Серија А.

Салернитана има главна цел да обезбеди опстанок, но во последно време се мачи и има серија од пет меча без победа.

Гостите можат да дадат гол, но ќе загубат од поквалитетната Аталанта.

Предлог тип: 1&ГГ (3.00)

 

 

- Оглас -

Најнови вести