Њукасл не може да пронајде тренер: Му понудија 13 милиони евра на хитот во ЛШ, но добија негативен одговор

Екипата на Њукасл пред неколку дена го отпушти тренерот Стив Брус и е во потрага по негов наследник, но тоа не оди толку лесно.

Премиерлигашот кој пред одредено време беше преземен од Фондот на Саудиска Арабија, не може да пронајде нов предводник.

И покрај тоа што имаат речиси неограничени финансии за трошење, сепак не секој сака да седне на клупата на овој тим, а „корпа“ добија од тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг.

Предводникот на Ајакс, кој е хит во последните неколку сезони од Лигата на шампионите, го направи овој тим еден од најинтересните и најатрактивните за гледање, а тоа го знаат и раководните луге на Њукасл.

Му беше испратена понуда вредна 13 милиони евра по сезона, но експресно беше одбиена, па затоа потрагата по тренер ќе продложи.

И покрај тоа што Њукасл ќе има голем број финансии за располагање, тимот се наоѓа на претпоследното место само со четири освоени бода.

- Оглас -

Најнови вести