Нула во Торино, Јувентус повторно е финалист во Купот на Италија

Јувентус стигна до ново финале во Купот на Италија по ремито без голови против Интер во возвратниот меч кој се одигра во Торино.

Победата од 2-1 на Бјанконерите во првото полуфинале се покажа како одлучувачка во двомечот меѓу двата италијански гиганти, по што Андреа Пирло во својата дебитантска сезона како предводник на Јувентус ќе има прилика да се бори за пехар.

Актуелниот италијански шампион утре ќе ја чека разврската во реваншот меѓу Аталанта и Наполи за да го дознае противникот во финалето.

Инаку, Јувентус во ланската битка за куп-трофејот загуби од Наполи во финалето по изведување на пенали.

- Оглас -

Најнови вести